![Освежениот VW Passat GTE има поголема батерија од својот претходник!](https://dodajgas.mk/wp-content/uploads/2019/08/bc33ded4-2019-vw-passat-facelift-53.jpg)
Освежениот VW Passat GTE има поголема батерија од својот претходник!
Ова значи дека има и поголема електрична автономија
Plug-In хибридната варијанта на „освежениот“ VW Passat за европскиот пазар веќе е во продажба Не само што има повеќе технологија, туку има и поголема батерија што овозможува подолго патување само на електрична енергија со само едно полење на батеријата
Имено, VW Passat GTE сега има за 31% поголема батерија. Сега има капацитет од 13 киловат-часови, додека кај претходниот модел истата имаше капацитет од 9,9 киловат-часови. Благодарение на ова, овој електрифициран Passat може да патува до 56 километри само на електрична енергија. Ова е според новиот циклус на тестирање WLTP.
Погонската единица останала иста. Ова значи дека Passat GTE крие 1.4-литарски TSI мотор кој развива 154 КС и електричен мотор кој развива 113 КС под хаубата. Според тоа, вкупната моќност на овој модел е 215 КС и 400 Nm вртежен момент. Сето ова се испраќа до предните тркала преку специјално развиен 6-степен DCT менувач.
Новиот Passat GTE располага со три режими на возење, за разлика од претходниот, кој имаше пет – EV за возење само со електрична енергија, GTE за перформанси и Hybrid
На подолги патувања и при брзини поголеми од 140 km/h, електричниот мотор делува како поддршка на TSI единицата. Возачот сам може да избере колку батерија сака да заштеди за возење на електрична енергија кога ќе се приближи до целната дестинација.
„Освежениот“ VW Passat GTE веќе може да се нарача во варијанти седан и вагон. Почетна цена во Германија е 44.795 €!