Општ недостаток на делови за автомобили: Mercedes во САД ги „гаси“ V8 моделите од следната година!
Речиси сите модели со V8 погон, вклучувајќи ги и оние на AMG, ќе бидат отстранети од американската производна линија од 2022 година
Следната година не очекуваат големи промени, а веќе е најавено „гасење“ на многу модели. И Mercedes веќе се изјасни по оваа тема, наведувајќи дека AMG GT R се симнува од производствените ленти следната година. Сепак, се чини дека листата на несреќни модели во Mercedes е многу подолга …
Имено, според најавата на Mercedes, скоро сите модели со V8 погон, вклучувајќи ги и оние со значката на AMG, ќе бидат симнати од производствената линија во САД од 2022 година. Овој потег е поврзан со глобалниот проблем со недостаток на делови потребни за производство.
Овие модели вклучуваат C63 AMG, GLC 63 AMG, E63 AMG, GLE 580, GLE 63 AMG, GLS 63 AMG, GLS600 Maybach, G550 и G63 AMG. Само S580 и S580 Maybach се поштедени од листата. Mercedes даде и официјално објаснување:
„MBAG даде приоритет на усогласеност со различни глобални, надворешни и внатрешни барања, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на, предизвици во синџирот на снабдување што влијаат на портфолиото на производи понудени на американскиот пазар“.
Понатаму, времетраењето на горе споменатиот потег за откажување на сите V8 Mercedes модели не е целосно јасно. Се подразбира дека ова ќе биде привремено, иако Mercedes веќе потврди дека C63 AMG ќе се сведе на хибриден погон со четири цилиндри.