Opel Rocks добива и комерцијална варијанта / ФОТО
Минијатурниот електричен модел на Opel сега е достапен и во LCV верзија
Opel Rocks-e Кargo е дизајниран како лесно возило за испорака за градски услови. Станува збор за препакуван Citroen Ami, но тој ги таргетира (засега) клиентите во две земји – Германија и Холандија.
Отстранувањето на совозачкото седиште обезбедило дополнителен простор за превоз на товар. Малиот модел на Opel може да транспортира предмети долги до 1,2 m, има вкупно 400 литри употреблив товарен простор и може да носи вкупно околу 140 kg.
Димензиите, се разбира, останале непроменети. Долг е 2,41 m, широк 1,39 m и висок 1,52 m. Со такви димензии, не е чудно што неговиот радиус на вртење е минимален – само 7,2 m! Секако, како и кај патничкото издание, Opel Rocks е замислен како премин помеѓу скутери и автомобили и може да го користат оние кои имаат само категорија AM во својата возачка дозвола (тука спаѓаат мотокултиватори и приклучни возила што ги влечат мотокултиваторите, велосипеди со помошен мотор, мопеди, лесни трицикли и лесни четирицикли). Во Германија тоа значи дека и оние со само 15 години ќе можат да управуваат со него.
Нема промени ниту во погонот. Opel Rocks користи батерија од 5,5 kWh која може целосно да се наполни за само 3 часа и 30 минути на кој било штекер во домаќинството.
Се напојува од електричен мотор кој развива 8 КС континуирана моќност со врв од 12 „коњи“. Максималната брзина што може да ја развие е ограничена на 45 km/h, а според протоколот WLTP, овој мал комерцијалист може да помине 75 km со полна батерија.