Opel Monca повторно во игра?!
За враќањето на Monca на пазарот се зборува со години, но сега доаѓаат и првите конкретни информации
Opel со години наназад си „игра“ со легендарниот модел, за сега да се појават информации дека Monca навистина ќе се реализира. Но, не толку брзо, бидејќи новиот модел нема да биде ниту бледа сенка на концептот од 2013 година кој не отиде понатаму од стилска вежба.
Според германскиот Auto Motor und Sport, новата Monza ќе пристигне во 2024 година, ќе има електричен погон и ќе доаѓа во форма на кросовер.
Monca ќе биде врв во понудата на Opel. Се очекува да биде долг 4,9 метри, или половина чекор повеќе од сегашниот Grandland X. Поставен на новата платформа eVMP (electric Vehicle Modular Platform), моделот ќе има моќен електромоторен погон. Се споменуваат 400 КС, а во зависност од изведбата, опсегот ќе биде до 650 километри.
Секако, овие информации не треба да се земаат здраво за готово. Барем искуството така ни вели.