Opel ќе го офарба вашиот автомобил во уникатна боја по ваша желба
Новата програма за индивидуализација на клиентите на Insignia им овозможува да го набават нарачаното возило во уникатна нијанса на боја која тие лично ќе ја изберат
Фабричкото фарбање на нови автомобили во уникатна боја е обично резервирано за купувачите на скапи автомобили од премиум брендови. Меѓутоа, во рамките на програмата Exclusive, Opel на идните сопственици на Insignia им нуди токму таква услуга.
Како што велат од производителот, купувачот, на пример, може да посака бојата на надворешноста на новиот автомобил „да се совпаѓа“ со нијансата на неговата приколка за транспорт на коњи.
Услугата фарбање на Insignia во уникатна боја за сега е достапна во Германија, по цена од 5.900 евра и во Обединетото Кралство, каде што чини 5.300 фунти.
Се што корисникот треба да направи е да обезбеди примерок од саканата боја, во форма на слика или физички примерок, а наједноставо е ако може на фабриката може да и испорача шифра од уникатната нијанса, која потоа се внесува директно во компјутер, со цел да се обезбеди потребната мешавина.
Откако на каросеријата ќе се нанесе основната боја, автомобилот привремено се отстранува од фабричката лента со цел да се офарба во уникатната боја.
Сепак, пред да се започне со конечното фарбање на автомобилот, на клиентот му се испраќа макета модел со должина од 15 см, офарбана токму во бараната боја.
Само ако клиентот е задоволен со бојата на примерокот, се започнува со финалното фарбање на возилото. За целосно фарбање се потребни 9 kg од специјалната боја.
Освен оваа услуга, новата Opel Exclusive програма за индивидуализација нуди и можност за фарбање на моделите Insignia Grand Sport, Sports Tourer и Country Tourer во една од 15-те специјални претходно дефинирани (Dynamic Orange, Tornado Blue, Panther Black, Light Champagne…) наменети само за овие три модели.
За овој тип на персонализација, купувачот во Германија треба да издвои 2.500 евра.
На располагање се и специјални завршни обработки со ефекти на „кршење“ на светлината на каросеријата, меѓу кои е таканаречениот pearl финиш.