Opel Corsa слави јубилеј – единаесет милиони произведени примероци!
Хечбек моделот е еден од столбовите на продажбата на Opel во Европа со децении
Opel Corsa се произведува во фабриката во Сарагоса во Шпанија речиси четириесет години. Во тој период од оваа фабрика се излезени сега веќе точно 11.000.000 единици од овој субкомпактен автомобил.
Почнувајќи од 1982 година досега продефилираа шест генерации на моделот, а сегашното издание на сцена е присутно од 2019 година. Јубилејната копија е всушност електричната варијанта на Corsa, која стана достапна со дебито на шестата итерација.
За потсетување, Corsa mk6 е многу блиска до својот „братучед“ Peugeot 208, а двата модели споделуваат иста платформа, опсег на мотори и многу други делови. Рецептот на Opel со „препишување“ очигледно вроди со плод, бидејќи Corsa има многу добри продажни резултати на германскиот пазар, каде што е најпродаваниот модел од Б-сегментот, како и во Велика Британија, каде што секако ќе биде најпопуларен автомобил оваа година.
Opel вели дека ако во колона се наредат сите 11.000.000 произведени Corsa единици, таа би била доволно долга за да се сврти круг околу планетата Земја. Остатокот од автомобилите може да го покријат растојанието од Сарагоса до Бејрут.
Покрај Corsa, во шпанската фабрика се произведува и Opel Crossland, како и Citroen C3 Aircross. Според се уште неофицијални податоци, во оваа фабрика треба да се монтира и електричната варијанта на Peugeot 208, по рестилизирањето на моделот.