Ford Shelby GT500 под хаубата носи 660 КС, па за да се контролира таков „ѕвер“ од автомобил потребно е знаење и искуство

За жал, главниот протагонист на ова видео го нема ниту едното ниту другото. Сакајќи да испадне фраер со бесна машина, притиснал на педалата за гас до крај, но набрзо загубил контрола над автомобилот.

Како резултат на моментот на непромисленост, возачот на Ford Shelby GT500 кој е значително оштетен, завршил во болница, за среќа со полесни повреди, а  паркираниот Dodge Ram поминал нешто подобро. Само еден поглед на „уништениот ѕвер“ кажува колкава е среќата во несреќата што возачот бил сам во автомобилот без совозач.

Како изгледало сето тоа може да погледнете во приложеното видео.