Она кога не знаеш дека BMW има погон на задните тркала и ќе ставиш синџири на предните тркала / ВИДЕО
Но ова не е чудо. Спроведена студија пред извесно време откри дека повеќето сопственици на Серија 1 не знаат до кои тркала се пренесува моќноста во нивните автомобили
Ова можеби изгледа невообичаено за љубителите на автомобили, но запомнете дека некои луѓе ги третираат сите видови возила како нормално превозно средство. За споредба, секој сака да јаде, но не секој знае да готви.
Проблеми со движењето по замрзнат пат
Во оваа приказна учествуваат возач на BMW Серија 4 Кабрио и неговиот сопатник. Секако, овој популарен автомобил има погон на задните тркала, но господата не се свесни за тоа.
Еден од нив бил зад воланот, а другиот се обидувал да го турне автомобилот од напред.
Како знаеме дека немале поим за погонот на задните тркала?
Па веројатно сè открива следното видео кое веројатно многумина ќе насмее.