Многумина веројатно би реагирале исто или барем слично

SSC Tuatara е проект зад кој се крие првиот хиперспортски автомобил од Америка, а се создава веќе десет години. Сега е многу близу до конечното издание, а ретките се оние кои го имаат испробано. Еден од нив е Бади Вирик, кој лично го провозил Џаред Шелби, првиот човек на компанијата.

А не го поштедил, ниту автомобилот ниту патникот. Вирик, кој секако има искуство со возење на брзи автомобили, не може да ја сокрие својата возбуда. И не само тоа, тој јасно става до знаење дека се плаши, а подоцна признава дека во еден момент се плашел за својот живот.

Автомобилот е придвижуван од 5,9 V8 twin-turbo бензинец со 1750 КС. И покрај фактот дека тежи само 1.250 кг, овој автомобил е способен да го одземе здивот, бидејќи од 96 до 195 km/h забрзува за само 2,5 секунди.