Она кога имаш пари, сакаш да испаднеш фраер, арно ама…
Некои луѓе имаат тенденција да прават секакви нешта да се издвојат од останатите, особено на некои настани
Турирањето во место кога суперавтомобилот е во мирување е еден начин, но да застанете на шофершајбната, пропаст!
Според описот на видеото, инцидентот се случил минатиот викенд во Ки Вест Флорида, за време на Corsa America Rally и собирот на сопственици на егзотични автомобили.
Возачот на овој Lamborghini Huracan очигледно е премногу занесен и сакаше да и се допадне на публиката која се восхитува на неговиот италијански егзотик. Но, позирањето качен на автомобилот се покажало како многу лоша идеја.