Ако сте големи љубители на автомобилите и размислувате да ја запросите својата поубава половина, тогаш овие венчални прстени инспирирани од автомобилите може да ве интересираат. Дали и на вашата подобра половина ќе и се допадне… е тоа е друго прашање

Специјалните прстени се резултат на соработката помеѓу компанијата Scrap Car Comparison и британскиот златар Едвард Флеминг. Тие се направени од скапоцени материјали од стари катализатори и можат да бидат инспирирани од било кој автомобил. Првите произведени се инспирирани од Mini Cooper, Lamborghi Huracan и Ford Fiestа.

 Што се однесува до оној што наоѓа инспирација од Mini Cooper, тој доаѓа со црвени, бели и сини камења, и гравури на Union Jack околу нив. Обликот на дијамантот е инспириран од дизајнот на алуминиумските тркала Minilight од автомобилот, а клиентите дури можат да изберат и персонализирани гравури на внатрешната лента на прстенот.

Прстенот Ford Fiestа е направен од особено впечатливи дијаманти поставени да ги имитираат фаровите на многу популарниот хечбек, а е завршен во нијанса на кралско сина боја – боја која најверојатно прво доаѓа на ум кога некој ќе ја спомене Fiesta.

Ако сакате нешто навистина посебно и ексклузивно, тогаш можеби прстен инспириран од Lamborghini Huracan е за вас. Очекувано, достапен е во жолто -бела нијанса, а дијамантската средина е инспирирана од конфигурацијата на издувните цевки на италијанскиот суперавтомобил.