Огромна заработка за „европските екологисти“: Знаете ли колку Норвешка планира да заработи од продажба на нафта и гас годинава?!
Норвешката влада верува дека во 2023 година заработката од нафта и гас ќе биде околу 131 милијарда долари, што е за околу 18 отсто повеќе отколку во 2022 година.
Норвешка со години се претставува како еден од најголемите поддржувачи на зелената транзиција и екологијата во светот. Во транспортниот сектор активно кофинансира купување на електрични автомобили за граѓаните и инвестира во други еколошки индустрии. Од друга страна, Норвешка е седма во светот по БДП по глава на жител, а најголем дел од нејзиното богатство се базира на продажба на енергетски производи, кои се далеку од убави приказни за зелената транзиција.
Лани е забележана рекордна заработка од продажба на нафта и гас, а годинава ќе биде уште поголема. Норвешката влада верува дека заработката од нафта и гас во 2023 година ќе биде околу 131 милијарда долари, што е за околу 18 отсто повеќе отколку во 2022 година, а на норвешките улици се возат се повеќе електрични автомобили…
Извор: ХАК