Официјалното деби во Formula 1 за Мик Шумахер на Нирбургринг
Мик Шумахер и Калум Илот официјално ќе дебитираат во Formula 1 во текот на викендот за ГН на Ајфел на Нирбургринг, објави Ferrari, поточно FDA – Возачката академија на Ferrari
Мик Шумахер ќе се најде зад воланот на болидот на Alfa Romeo наместо Антонио Џовинаци на првиот слободен тренинг на Нирбургринг следниот месец. Калум ќе го вози болидот на Haas на првиот слободен тренинг во Нирбургринг, додека Роберт Шварцман ќе добие шанса во последниот петок од овогодинешниот шампиона во Абу Даби.
„Пресреќен сум што добив ваква можност. Фактот дека моето прво учество во Formula 1 викендот ќе се одржи пред мојата публика на Нирбургринг го прави овој момент уште попосебен“, вели наследникот на Михаел Шумахер.
Калум Илот, ривалот на Шумахер за титулата во F2 серијата, вели дека е воодушевен што ќе може да го вози Haas VF-20 на Нирбургринг.
„Вистинска привилегија е да го остварам своето прво возење на слободен тренинг, особено ако тоа го сторам тоа со тимот на Haas Неверојатно е да се има оваа можност на патеката која е една од моите омилени – токму таму го постигнав првиот подиум во мојата кариера уште во 2015 година“.
Ferrar објави дека, со цел да ги подготви своите три F2 аса за возење во F1, во Фиорано ќе одработат тест возење со болид од 2018 година.