Официјално: SSC Tuatara е најбрзиот сериски автомобил во светот / ВИДЕО
Границата од 500 km/h веќе е во историја, а соборени се вкупно три рекорди
Пред неколку дена ЅЅС објави дека моделот Tuatara, управуван од тркачот Оливер Веб, поставил нов брзински рекорд за сериски автомобил, достигнувајќи феноменални 508,73 km/h (316,11 m/h).
Рекордот e поставен на 10 октомври на делница во должина од 7 милји во државата Невада или State Route 160 помеѓу Лас Вегас и Парамп. Истата патна делница е користена и прис постигнувањето на претходниот светски рекорд во 2017 година од страна на Koenigsegg Agera RS (447,19 km/h).
Обидот за рекорд строго ги следел критериумите утврдени во Гинисовата книга на рекорди. Последните бараат два обида, со возење во спротивни насоки, на јавен пат користејќи сериски гуми, не-тркачко гориво и инсталиран сателитски тракер. Двата премини се направени со разлика од еден час за да може да се балансира влијанието на ветерот, денивелација итн. Критериумите, патем, се создадени со помош на SSC, при поставување на својот прв рекорд во 2007 година со Ultimate Aero.
Двете возења за постигнување на новиот светски рекорд се направени според „учебник“: еден час разлика помеѓу двете возења, употреба на мешавина од бензин-етанол смеса E85 и гуми Michelin Pilot Sport Cup 2. При првото возење била постигната максимална брзина од 484, 53 km-h, за да при второто возење SSC Tuatara достигне феноменални 532,93 km/h. Така, според регулативите, се запишува средната вредност од двете достигнувања, во овој случај 508,73 km/h.
Покрај рекордот за максимална брзина, Оливер Веб со SSC Tuatara поставил уште две: најбрзо минување на должина од еден километар на јавен пат (517,16 km/h), односно една миља (503, 92 km/h).