Официјално претставен новиот BMW M2 / ФОТО+ВИДЕО
Втората генерација на моделот BMW M2 Coupe (со ознака G87) е официјално претставена, а пазарното деби е најавено за април следната година.
За почеток, новиот M2 Coupe располага со 3.0-литарски TwinPower Turbo мотор со шест цилиндри со 460 КС и 550 Nm вртежен момент, избор од 6-брзински мануелен или 8-брзински автоматски менувач и погон на задните тркала.
Што се однесува до димензиите, автомобилот е долг 4.580 mm, широк 1.887 mm и висок 1.402 mm, што значи дека е 104 mm подолг, 33 mm поширок и 7,6 mm понизок од претходникот.
Во верзија со рачен менувач, новиот М2 тежи 1.730 килограми, а верзијата со автоматски менувач тежи 1.754 килограми. Кај верзијата со рачен менувач, забрзувањето до 100 km/h трае 4,3 секунди, а кај онаа со автоматик 4,1 секунди. Максималната брзина е ограничена на 250 km/h, но со опционалниот M Driver’s Package таа е поставена на 285 km/h.
Новиот BMW M2 има поагресивен аеро-боди пакет (вклучувајќи пошироки браници, големи предни отвори за воздух, заден дифузор, спојлер на багажникот и опционален покрив од јаглеродни влакна), како и М тркала од 19 или 20 инчи, гуми 275/35 ZR19 и 285/30 ZR20, спортски издувен систем со четири издувни цевки, стандардна прилагодлива суспензија, активен М диференцијал, М Traction Control и DSC (Dynamic Stability Control кој може да се подеси во „M Dynamic Mode“ ).
Тука се и најновиот софтвер BMW iDrive 8, 12,3-инчен дисплеј од инстумент панелот, 14,9-инчен заоблен дисплеј за мултимедиа, спортски волан и кожни спортски седишта (достапни се и опционални M Carbon седишта).
Палетата на бои ги вклучува Toronto Red металик, Zandvoort Blue, Alpine White, Sapphire Black металик и Brooklyn Grey металик.
Производството на новиот М2 ќе се одвива во фабриката на BMW во Сан Луис Потоси во Мексико, заедно со новата Серија 2 купе и Серија 3.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
Што се однесува до цената, таа почнува од 72.800 евра во Германија.