Трката се откажува втора година по ред поради острите мерки при влегување во земјата

Австралиската влада потврди дека Formula 1 трката во Мелбурн е откажана. Оваа земја има многу строги регулативи при влегување. Карантинот од 14 дена е задолжителен за сите кои пристигнуваат во Австралија, поради што се откажани трките и во Formula 1 и во MotoGP.

„Вистинска штета е што оваа година нема да се тркаме во Австралија, но сигурни сме дека ќе ја обезбедиме 23-та трка како што беше планирано. Веќе имаме неколку опции што можат да го пополнат испразнетото место во календарот“, се вели во соопштението од Formula 1.

Во моментов во тек се обемни работи на патеката Алберт Парк, која требаше да биде завршена до пристигнувањето на Formula 1 караванот. Патеката во иднина ќе биде многу побрза, а трките треба да станат многу попривлечни.

Најверојатната замена ќе биде уште една трка во Бахреин, а можно е, како и минатата година, да се вози надворешната конфигурација на патеката која за прв пат ја видовме минатата година за ГН на Сакир.