Официјално: новата Škoda Octavia / ФОТО+ВИДЕО
Ако сакате Audi A4 по цена на Golf, тоа е тоа. Во Прага официјално претставена новата Škoda Octavia
Четвртата генерација на Škoda Octavia е препознатлива од секој агол, заснована на дизајнерскиот јазик од претходната генерација, но многу подинамична и поелегантна.
Новата генерација е долга 4.689 mm, широка 1.829 mm, со меѓуоскино растојание од 2.686 mm, а располага со багажен простор од 600 во стандардната седан верзија и 640 литри во караванската верзија. Покрај тоа, патниците на задните седишта ќе имаат 78 mm повеќе простор за колената, што е за 5 mm повеќе од Octavia III.
Во Škoda се откажале од жестоко критикуваниот дизајн на фаровите во изминатата генерација, така да се е вратено на стандардна предна светлосна група веќе видена во претходно претставените Scala и Superb, а во средина е сега веќе препознатливата „поостра“ предна маска. Помеѓу опционалната опрема е и Matrix LED технологијата.
Škoda Octavia добила комплетно нов ентериер, со нова контролна табла слична на онаа во новиот Golf со екрани на допир и 10.2-инчен мултимедијален систем на врвот од понудата.
Што се однесува до погонот, очекувано тука се вклучени сите погонсски единици кои се во понудата и за новиот VW Golf.
Тоа значи дека понудата започнува од 3-цилиндерски 1.0-литарски турбо бензинец TSI со 110 КС и 200 Nm, преку 1.5-литарски TSI со 150 КС и 250 Nm. Најмоќната бензинска варијанта ќе биде 2.0-литарски TSI со 190 КС и 320 Nm спарени исклучиво со DSG автоматски менувач со двојна спојка. Octavia 2.0 TSI до 100 km/h забрзува за 6,9 секунди со максимална брзина од 232 km/h.
Тука е и дизел опцијата со 2.0-литарски TDI во верзии со 116, 150 и 200 КС со рачен 6-степен менувач или 7-степен DSG во опсег до 400 Nm и погон на сите тркала, во кој случај забрзувањето е 7.1 секунди.
Треба да се спомене и 1.5-литарскиот TSI G-TEC, погон на природен гас (CNG) со 130 КС и 200 Nm.
Како и во случајот со Superb iV и Golf GTE така и Octavia ќе се нуди во plug-in хибридна верзија со 1.4-литарски TSI во тандем со електричен мотор при што развиената моќност е 204 КС со 350 Nm. Само на електрична енергија благодарение на батеријата од 13 kWh, оваа Octavia ќе може да помине 55 километри според новиот WLTP стандард.
Хибридниот погон има еден недостаток, а тоа е намалениот багажен простор на 450 односно 470 литри.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”1y2-2GFZ6TlufPs7J0C0WGQrQYd0iNBJn” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
ВИДЕО
Следната година се очекуваат теренската Scout и спортската RS верзија.