Официјално: новата сезона од Formula 1 без девојки на стартот / ВИДЕО
По неколку месеци на дебата за укинување на традиционалните промоторки кои се наоѓаат на патеката пред трките, челниците на Formula 1 одлучија дека популарните „ grid girls” веќе нема да бидат присутни на самиот почеток
Повеќе децениската традиција со девојките на патеката пред стартот на трката ќе биде завршена на 25 март во Мелбурн, на почетокот од новата Formula 1 сезона.
Девојките кои со децении се неизоставен дел од најбрзиот „циркус“ во последниве години се крајно деликатна тема, со оглед на бројните критики за третманот на жените како сексуални објекти и предрасуди.
„Во текот на изминатата година, сфативме дека треба да се подобриме во голем број на области во Ф1 натпреварувањето, со цел усогласување со нашата визија за овој голем спорт“, вели еден од директорите на Formula 1, Шон Брачис.
Брачис наведува дека „грид девојките’ со години биле еден од заштитните знаци на Formula 1, но дека, во раководството на натпреварувањето имале чувство дека овој обичај не одговара на вредностите за кои се залагаат и дека „не се во согласност со современите социјалните норми“.
Тој додава дека не верува дека „девојките на стартот“ се соодветни или релевантни, како за луѓето во организацијата, така и за фановите низ целиот свет.
Сепак, не сите фанови ќе се согласат со овие ставови, па и некои од возачите.
„Ова е нешто со кое растевме. Дури и кога бев дете гледав во девојките со чадори. Ова беше нешто со што ово спорт доби атрактивност“, вели Даниел Рикардо, возачот на Red Bull.
Овој потег на челниците на Formula 1 сигурно нема да целосно да ги отстранат убавите девојки од автомобилскиот спорт, но со оглед дека Ф1 годишно привлекува околу пет милиони гледачи, секако е значаен почеток.
„Девојки од стартот“, на трките од Formula 1 главно се користеа за промотивни цели, за реклама на спонзорите преку облека, чадори и слични реквизити, а по завршувањето на настанот формираа шпалир низ кој победникот стигнува до подиумот.