Официјално: крај за Mazdaspeed
Лоши вести за сите автомобилски ентузијасти
Со текот на годините, јапонскиот производител на автомобили разви подбренд Mazdaspeed кој се фокусира на перформансите на одредени модели, а најпопуларни беа Mazda 3, Mazda 6 и Mazda Miata.
За време на последната прес-конференција беше објаснето дека проектот Mazdaspeed официјално се затвора, што не е толку големо изненадување со оглед на тоа што последниот модел излезе во 2013 година.
„Mazda е фокусирана на други работи, но тоа не значи дека ќе го занемари развојот на перформансите на своите автомобили, токму спротивното, бидејќи Mazda3 Turbo за 2021 година изгледа доста ветувачки“, велат од компанијата.
Станува збор за 4-цилиндерски 2,5-литарски мотор со турбо полнач кој испорачува 250 КС и 433 Nm максимален вртежен момент, што е главна ставка во Mazda веќе подолго време и тие се особено горди на тоа.