Samsung новиот Galaxy S9 паметен телефон ќе го лансира на 25-ти февруари во Барселона

Mobile World Congress започнува на 26 февруари во Шпанија, а ден пред почетокот ѕвездата на шоуто, моделот S9, ќе биде официјално претставен на светот.

Текстот во официјалната покана најавува дека ќе има големи изненадувања кога станува збор за камерата – Camera, reimagined.

Се претпоставува дека Galaxy S9 ќе има помоќна батерија, подобар екран и многу нови практични функции.

Целиот настан ќе може да се следи во живо на веб-страницата на Samsung.