Официјално! Електричната Opel Corsa доаѓа во 2020 година!
Следната генерација на Opel / Vauxhall Corsa со производство ќе започне во 2019 година, а една година потоа, ќе биде претставена целосно електрична верзија
Оваа вест е потврдена од извршниот директор на Opel, кој додава дека првата целосно електрична Corsa ќе се произведува во фабриката на PSA во Сарагоса, Шпанија, заедно со стандардната верзија со конвенционален погон.
Оваа најава доаѓа кратко време откако групата PSA постигна договор со синдикатот на работниците во оваа фабрика, со кој ќе се намалат трошоците за производство.
Првиот човек на Opel, Мајкл Лохшелер, вели дека договорот е важен чекор напред за фабриката во Сарагоса.
Електричната верзија на Corsa ќе биде еден од четирите електрифицирани модели на компанијата што треба да бидат презентирани до 2020 година. Засега се знае дека во план е plug-in хибридна верзија на Grandland X, а покрај него уште еден сосема нов SUV модел.
Ако може да се верува во најновиот план на Opel, до 2020 година ќе бидат презентирани девет нови модели, а сите модели ќе добијат електрични верзии до 2024 година.
Имено, воведувањето на новата генерација на Corsa беше одложено за една година, бидејќи минатата година групата PSA го купи Opel од GM и затоа што овој модел мора да се прилагоди на новата платформа на PSA.