Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,09% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 17.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 110,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 107,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 0,421 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,738 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,307% или за 60,750 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 0,055% или за 0,750 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,419% или за 5,450 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 1,480% или за 10,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,7868 ден/$ и е за околу 0,648 % повисок од курсот на доларот (58,4083 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.