Германскиот бренд објави дека првиот ден од следниот месец ќе ја извести светската јавност за сите детали во врска со новата генерација на Opel Astra

Ако Stellantis случајно дозволеше Opel да изложува на салонот во Минхен, сигурно е дека премиерата ќе се одржеше токму таму. Но, производителот од Риселсхајм во месец јули претстави фотографии од идниот модел во сегментот „С“, а на 1. септември биде претставена целосната спецификација на возилото, иако повеќе или помалку се е познато.

Новата итерација на Opel Astra е поставена на платформата EMP2, која потекнува од поранешната група PSA. Идната Astra од претходната генерација е подолга за само 4 mm, но меѓуоскиното растојание е зголемено за 13 mm и сега изнесува 2.675 mm.

Моделот е широк е 1.860 mm, додека новата генерација е 15 mm пониска од претходната и вкупната висина е 1.470 mm. Исто така е познато дека претстојната Astra ќе има употреблив волумен на багажникот од 422 литри.

Гамата на мотори за новата Astra веќе е позната, а германскиот хечбек ќе користи погонски единици од поранешната групација PSA. Бензинскиот мотор е 1.2-литарски PureTech кој е достапен во две варијанти со 110 и 130 „коњски сили“, а клиентите ќе имаат можност да изберат и дизел мотор, односно 1.5 BlueHDi, кој испорачува 130 „коњи“.

Покрај тоа, ќе се нудат и две plug-in хибридни изданија. Послабото издание располага со 180 КС, и помоќното со 225 „коњски сили“. И двете изданија користат батерии од 12,4 kWh.