Американскиот бренд ги произведе првите примероци на Model Y создадени на европско тло

Многу важен момент за Tesla во неговата глобална офанзива е почетокот на производството во Германија, во фабриката во близина на Берлин. Оваа фабрика треба да ги задоволи сите потреби на европските потрошувачи за автомобилите на Tesla.

Во вторникот, на 22 март, од фабричките ленти во германската фабрика се симнати првите 30 единици од Model Y. Станува збор за Performance верзии, кои, како што сугерира името, нудат одлични перформанси. Ваков електричен SUV е способен да спринта до „стотка“ за само 3,7 секунди. Првите примероци на Model Y создадени во погонот во близина на германската престолнина ќе стигнат до новите сопственици во Европа до крајот на овој месец.

Ова е првиот производствен капацитет на Tesla на Стариот континент, а првично е планирано производство на носителите на продажбата на американската компанија, Model Y и Model 3, Капацитетот на фабриката е над половина милион возила годишно, а Tesla освен автомобили овде ќе произведува и батерии – вкупно 50 gWh годишно.

Во моментов, фабриката во Германија вработува околу 3.000 работници. Тамошните медиуми веруваат дека Tesla годинава ќе пријави околу 300.000 возила од таа фабрика, а максималниот капацитет ќе биде достигнат следната година.