Одржувањето на електричните автомобили е поскапо отколку сервисирање бензинци и дизели?!
Еден од продажните задути на електричните автомобили се нивните наводно ниски трошоци за одржување
Комплексноста на бензинските и дизел моторите со многу подвижни делови на моторот, каталитички конвертори, пумпи, турбополначи …, сето ова бара повеќе работни часови и делови. Меѓутоа, едно се проекциите, а друго реалноста.
Одржувањето електричните автомобили е значително поскапо во првите неколку месеци отколку сервисирање возила со мотори со внатрешно согорување. Во првите три месеци, трошоците се околу 2,3 пати повисоки, а по една година одржувањето на електричните возила е 1,6 пати поскапо, барем така се вели американската анализа We Predict, базирана на 19 милиони возила од моделските години 2016-2021 година.
Рене Стивенс, потпретседател на We Predict, како причина ја наведува новата технологија, која за многумина се уште е непозната. Сервисните техничари трошат двојно повеќе време за дијагностицирање проблеми со електричните возила отколку за автомобилите на бензин. Поправката трае 1,5 пати подолго.
Тука се и големите разлики меѓу производителите. По три месеци работење, трошоците за услуга за Ford Mach-E изнесувале 93 долари по возило, што е многу пониско од цената за Audi e-tron, 366 долари по возило. Кај Porsche Taycan е 667 долари по возило, додека кај Jaguar I-Pace е 834 долари по возило.