Одржување: Дали електричните возила се навистина (многу) поевтини од дизелите и бензините?
Audi проценува дека трошоците за одржување на електричен автомобил се повеќе од 40 проценти пониски од автомобил со конвенционално гориво
Едно електрично возило има многу помалку подвижни делови од моторот со внатрешно согорување. Покрај тоа, архитектурата е многу поедноставна, а концептот е помалку подложен на абење. Нема замена на катализатор, филтер за масло или воздух, или свеќички, ремени или спојки или пак промена на маслото.
Сепак, она за што се заинтересирани идните сопственици на електрични автомобили, покрај набавната цена и потрошувачката, се и трошоците за одржување. Но, дали и колку се помали во споредба со автомобилите со мотор со внатрешно согорување? Пазарот го вели следното…
Ford посочува дека со нивниот целосно електричен Mustang Mach-E, сопственикот заштедува повеќе од 60 проценти за пет години во споредба со традиционалните бензински возила. Audi проценува дека трошоците за одржување на електричен автомобил се повеќе од 40 проценти пониски од автомобилот со конвенционално гориво.
Volkswagen посочува на 35 проценти намалување на трошоците за одржување и поправка, потпирајќи се на податоците на германската компанија Für Automobilwirtschaft (IFA).
Сепак, голем проблем останува високата набавна цена на електричните автомобили и фактот дека електричната енергија е често прилично скапа на станиците за полнење во Европа. Така, благо речено, финансиската предност на електричните автомобили во моментов е сомнителна.