
Одржан првиот авто-салон за жени во Саудиска Арабија
Откако властите во Саудиска Арабија објавија дека ќе им дозволат на жените да возат автомобили, во таа земја се одржа и првиот авто-салон специјално за идните жени-возачи
Автомобилскиот салон првенствено наменет за жените се одржал во еден трговски центар во саудискиот град Џеди, а како што објави агенцијата Reuters, привлекол голем број припаднички на поубавиот пол.
На саемот биле претставени неколку модели на возила од Chevrolet, Nissan, Kia и Toyota.
Одлуката жените да можат да возат дојде во 2017 година, по неколку годишна борба и притисок, како од надвор, така и од земјата, а поддршката дојде и од саудиското кралско семејство.
Одлуката на владата официјално стапува во сила од јуни 2018 година.