Одреден новиот датум за премиера на „Брзи и бесни 9“
Пандемијата на корона вирусот освен автомобилската, ја поремети и филмската индустрија
Затворањето на кино салите драматично влијаеше на распоредот на премиерите на филмови оваа година. Така, во мај требаше да го видиме деветтиот дел од франшизата „Брзи и бесни“, но поради пандемијата премиерата беше откажана.
Првично, премиерата беше одложена за 2 април 2021 година, но сега пристигнуваат нови информации и се тврди дека новиот датум за премиера на овој филм е 28 мај следната година.
Трејлерот за Fast & Furious 9 беше претставен во јануари годинава и опфаќа низа типични бркотници на автомобили, експлозии…. Меѓу автомобилите во филмот се и Ford Mustang Shelby GT350, како и Dodge Charger SRT Hellcat.
Во деветтото издание на оваа популарна франшиза, ќе го видиме и враќањето на дрифт мајсторот Хан, а за прв пат во франшизата ќе се појави и поранешната ѕвезда на американското борење – Џон Сена.