Одлична виетнамска реплика на Bugatti Chiron / ВИДЕО
Виетнамските љубители на автомобили од ТВ каналот NHЕT веќе една година работат на верна копија на Bugatti, која сега, барем однадвор, изгледа како вистинска
Минатата недела на YouTube се појави видео од виетнамските љубители на автомобили од NHẾT TV. Тие потрошиле една година правејќи реплика на Bugatti Chiron со свои раце, од нула, а целиот процес го снимиле со камери.
Во видеото можеме да видиме како е создаден глинениот модел на Chiron, потоа како рачно заварениот „кафез“ на шасијата, вграден мотор (Toyota 4-цилиндричен), како каросеријата го добила конечниот изглед, моделирана во фиберглас, но исто така и како Виетнамците ја направија „направи сам“ верзијата на Chiron доведена во возна состојба.
Наместо јаглеродни влакна, алуминиум и други напредни материјали кои ги користи Bugatti, оваа реплика е направена од челик и фиберглас, но финишот, полирањето, стаклото, LED светлата – сето тоа остава впечаток на лојалност и покажува дека тимот навистина работел напорно на бројни детали. Не е ни чудо што видео има надминато 1,3 милиони прегледи за само три дена.