Одите на скијање? Внимавајте на зимската опрема
Зимата е во полн ек, новогодишните и божиќни празници завршија, а тоа значи дека е време за оние кои скијаат да посетат некои од околните или подалечните зимски скијачки центри
Австрија
Една од омилените дестинации за скијачите има многу строги казни за непочитување на законот за зимска опрема во автомобилот. Зимската опрема е обврска до 15. април, а гумите мора да бидат М + S и со минимална длабочина на шарата од 4 mm. Наместо зимски гуми на возилото се признава и комбинација од летни гуми со ланци. Во спротивно казните се движат и до 5.000 евра.
Бугарија
Употребата на зимски гуми е задолжителнa за возила регистрирани во Бугарија кога се зимски услови на патот. За возила регистрирани во странство, користење на зимски гуми не е задолжително, но се препорачува. Синџири за снег се дозволени. Нивната употреба може да стане задолжителна во согласност со условите на патот, а во кој случај, тоа е означено со патен знак. Кога возите со синџири за снег, максимална брзина е 50 km/h.
Италија
Зимски гуми се препорачуваат, но не се обврска. Задолжителни се само на одредени правци како на пример во областа Val d’Aosta каде возила мораат да бидат опремени со зимски гуми или мора да поседуваат синџири за снег во возилата, од 15 октомври до 15 април. Зимските гуми се задолжитени за сите четири тркала. Возила опремени со синџири не смеат да возат над 50 km / h.
Германија
Последните десет години правилата се значително построги. Зимските гуми се задолжителни (М+Ѕ или снегулка) во случај на снег, поледица, мраз на патот… Летните гуми се забранети во зимски услови. Доколку со непочитување на законот го кочите нормалниот тек на сообраќајот, казната ќе биде двојно поголема (80 евра).
Франција
Нема законска обврска кога станува збор за од-до. Се препорачува употреба на гуми со ознака М+Ѕ, со минимална длабочина на шарата од 3,5 mm. Казните во Франција често се повеќе од 100 евра, особено на планинските патишта.
Словенија
Кај Словенците, зимската опрема е обврска до 15. март и подолго во случај на зимски услови на патот: 4 зимски гуми или летни гуми (минимум 4 mm длабочина на шарата) и ланци. Казните може да се движат од почетни 120 до 500 евра, а казните не се мали и ако автомобилот не е исчистен од снег.
Србија
Кај нашите северни соседи, зимската опрема е обврска до 1. април. Во зимски услови, возилата мора да имаат гуми М + Ѕ на погонските тркала, со минимална длабочина на шарата од 4 mm. Снежните ланци се задолжителни на означени делници. Казната за не користење зимска опрема е 3.000 динари (1.500 денари).
Швајцарија
Нема строго временско ограничување, туку се зависи од условите на патот. Важно е да се следат условите на патот и сообраќајните знаци, така што за снежните ланци, ова важи за сите возила без погон на сите четири тркала. Имајте на ум дека во случај на сообраќајна несреќа во зимски услови, вината секогаш е кај оној кој не поседува зимска опрема.