ЈСП информира дека од утре, четврток, 12 март, нема да важат бесплатните годишни средношколски и студентски билети за користење на јавниот превоз

Одлуката е времена, ќе важи во наредните две недели, сè до наредните препораки.

Времено, нема да важи и одлуката за бесплатен превоз за возрасни лица (жени со 62 години и мажи со 64 години) во вторник, петок, сабота и недела во јавниот превоз и на Жичарницата на Водно.

„Укинувањето на бесплатниот превоз на посочената категорија корисници е согласно актуелната состојба со коронавирусот и препораките од надлежните институции за превенција и заштита од вирусот“, соопштија од ЈСП.

Извор: Макфакс