Со последната одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,37% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 13.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.06.2022 година и со тоа малопродажната цена ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 111,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 113,50 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 105,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 56,317 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 13.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 109,50 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,407% или за 33,950 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 1,078% или за 14,500 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 0,346 % или за 4,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 0,102% или за 0,700 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,4083 ден/$ и е за околу 1,488 % повисок од курсот на доларот (57,5520 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.