Од утре, ново зголемување на цената на горивата!
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 20.01.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува, односно останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,228 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.01.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,042 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 1,230% или за 10,550 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 0,888% или за 8,350 $тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 0,799% или за 7,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,848% или за 3,950 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,9699 ден/$ и е за околу 0,102% понизок од курсот на доларот (57,0284 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.