Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 07.11.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 93,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 96,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 91,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,806 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 07.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 49,189 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 0,137% или за 1,350 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 3,126% или за 34,250 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 2,802% или за 28,150 $/тон и кај мазутот намалување е во просек за околу 1,142% или за 6,200 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 61,8778 ден/$ и е за околу 0,766% понизок од курсот на доларот (62,3556 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.