Од полноќ Еуросупер БС-95 со поголема цена, Еуросупер БС-98 и дизелот без промена!
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,14% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 10.04.2022 година
- Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 74,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, се зголемува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 85,00 ден/лит.
- Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 72,50 ден/лит.
- Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,330 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 10.04.2023 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,409 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 4,946% или за 42,700 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 4,784 или за 35,350 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 4,793% или за 34,600 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 1,892% или за 8,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 56,6004 ден/$ и е за околу 0,224% понизок од курсот на доларот (56,7272 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.