Првите луѓе на Fiat Chrysler Automobili (FCA) признаваат дека направиле грешка во позиционирањето и стратешкиот развој на својот премиум бренд Maserati

FCA оваа година има испорача помалку од 10.000 Maserati возила на американскиот пазар, што е дури 16% помалку од првите десет месеци од 2017 година.

Падот на интересот во Кина, најголемиот светски пазар, како и новиот WLTP еколошки стандард, имаат дополнително влијание на намалување на производството, па така Maserati во 2018 година, има продажба од само 26.400 единици во светот, или околу 50.000 помалку од целта за оваа година поставена од поранешниот директор на FCA, Серџо Марконе.

FCA се уште во јуни оваа цел ја намали за 50.000, но дури ни тоа не е реално за Maserati, бидејќи за да се постигне оваа бројка, компанијата ќе мора да продаде дури 24.000 автомобили во периодот октомври-декември.

Тоа е за една третина повеќе од резултатите на Maserati во последниот квартал од 2016 година, па затоа е јасно дека Maserati нема да ја постигне планираната цел.

Недостатокот на нови модели е најголем проблем со брендот, но клучна грешка е позиционирањето на пазарот.

Новиот извршен директор на FCA, Мајк Манли, верува дека компанијата направила грешка што Maserati го промовирала речиси како „бренд за широки маси“, како и тоа што Maserati и Alfa Romeo се ставени под ист покрив.