Со оваа Одлука се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 2,32%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 13.01.2020 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, остануваат на исто ниво во однос на цените утврдени со Одлуката од 13.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 68,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден. во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 13.01.2020 година и со тоа, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 61,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,539 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.01.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 37,885 ден/кг.