Со последната одлука на РКЕ од 08.06 е извршено зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,09% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 06.06.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно остануваат на исто ниво, како што биле определени со одлуката за утврдување
на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 110,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 112,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 55,508 ден/кг.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 104,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 06.06.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 102,50 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,800% или за 11,050 $/тон, кај дизелот зголемување во просек за 3,797% или за 47,450 $/тон, кај екстра лесното масло зголемување во просек за 3,933 % или за 47,450 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,340% или за 2,300 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,5804 ден/$ и е за околу 0,056 % повисок од курсот на доларот (57,5484 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.