Со последната одлука на РКЕ е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 09.05.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Мазутот М-1 НС, не се менуваат, односно останува на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 90,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 92,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 53,848 ден/кг.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-), се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 09.05.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 87,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 85,00 ден/лит.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,77% или за 8,900 $/тон, кај дизелот намалување во просек за 3,343% или за 39,000 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 3,442 % или за 38,800 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,142% или за 13,750 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,3913 ден/$ и е за околу 0,004 % повисок од курсот на доларот (58,3891 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.