Од денес бензините со повисока цена, дизелот со пониска
Со последната одлука на РКЕ е извршено намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,50%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно Одлуката на РКЕ на Република Северна Македонија од 27.07.2020 година
Од денес малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се продаваат со зголемена цена за 0,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 60,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) е намалена за 0,50 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е намалена за 1,00 денар/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС е намалена за 0,351 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 27.07.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 25,709 ден/кг.