Од денес бензините и дизелот со повисока цена
Со оваа Одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати
во просек за 1,48%, во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени
согласно Одлуката на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република
Северна Македонија од 10.09.2019 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,494 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 31,641 ден/кг.
Новите цени на горивата почнуваат да важат од денес 17.09.2019 година.