Повеќе од сигурно, многумина останаа разочарани кога BMW задниот погон го замени со погон на предните тркала во новата Серија 1

Сепак, Баварците нагласуваат дека тоа било неопходно за овој сегмент, без да се загрозат возните карактеристики.

Покрај тоа, од компанијата од Минхен тврдат дека е „речиси невозможно да се забележи разликата“ помеѓу предниот и задниот погон, како што тоа било случај пред 15 години.

Се разбира, за ова одлучуваат самите возачи, додека BMW ја брани својата одлука со тоа дека ваквата одлука им овозможила да направат важни чекори во сегментот на компактни модели.

На крајот, BMW истакнува дека Серија 1 нема да започне „лавина“ од нови модели со погон на предните тркала, туку дека во оваа ситуација било важно да се понуди вистинскиот пакет за соодветниот сегмент.

Благодарение на промената на погонската осовина, Серија 1 има 33 милиметри повеќе простор за патниците на задните седишта, додека капацитетот на багажниот простор е зголемен на 380 литри.

Најмоќната верзија од новата трета генерација на Серија 1 е M135i со погон на сите тркала, а 2.0-литарскиот мотор развива 306 КС.

BMW нема намера да прави М1 верзија.