Од 2030 година Mercedes повеќе нема да нуди караван модели
Додека Volvo ќе продолжи да нуди и седани и каравани, Mercedes, од друга страна, целосно ќе ги елиминира караванските модели од својата понуда до 2030 година
Така барем пишува Automobilwoche, наведувајќи дека планот на Mercedes е да престане да нуди каравани до крајот на оваа деценија.
Тоа ќе започне со укинување на моделот CLA Shooting Brake, кој ќе исчезне од гамата во 2025 година и за кој не се предвидува наследник. Дополнително, се наведува дека новата E-Class за 2030 година исто така нема да има караван верзија во гамата.
За ова се зборуваше уште во септември минатата година кога извршниот директор на компанијата Маркус Шефер разговараше за намалената атрактивност и пазарот на каравани во време кога производителите на автомобили трошат милијарди за префрлање на електрични возила. Имено, не е лесно да се оправда вложувањето пари во дизајн, развој и производство за сè помала база кога клиентите сакаат електрични кросовери и теренци.
Во извештајот на Automobilwoche се наведува дека затоа германската компанија размислува за алтернативи за клиентите, особено за германските. Во овој поглед, Mercedes би можел да понуди „покачени“ седани кои можат да сместат батерии во подот или да направат појасна разлика помеѓу кросоверите и SUV моделите во својата понуда.