Од 2023 се воведува максимум за платите на F1 возачите
Тимовите за плати на возачите ќе располагаат со 30 милиони долари
Тимовите во Formula 1 шампионатот постигнаа начелен договор за воведување ограничување на платата на возачите од 2023 година
Потенцијалниот „плафон“ на платите на возачите ќе стапи на сила само две години откако ќе се воведе и за трошоците на тимовите, кои се ограничуваат на 145 милиони долари следната година, а дополнителни минус 10 милиони долари во 2023 година. Во ограничувањето кое ќе се воведе од следната година, не влегуваат платите на двајцата возачи, како и на тројцата најплатени вработени, од кои двајца обично се шефот на тимот и техничкиот директор.
Максимумот за плати, за кој сите тимови се согласуваат, ќе биде 30 милиони долари вкупно за сите возачи на тимот. Сепак, сите договори потпишани пред 2023 година ќе треба да се исплатат во целост, без оглед дали го надминуваат ограничувањето. Ова се должи на исклучително сложените законски клаузули во договорите меѓу пилотите и тимовите и нивната тешка промена.