Додека го чекаме пристигнувањето на Dacia Jogger на македонскиот пазар, погледот го вртима во правец на Германија, каде што се објавени цените за овој модел

Тие се индикативни и за нашите услови, па така основниот Jogger со 1.0-литарски бензинец и TNG ќе чини 14.790 евра, а има LED фарови, електрични прозорци напред, централна брава со далечински клуч, ограничувач на брзина и автоматско светло, но нема клима уред.

Следниот пакет на опрема, Confort доаѓа од 15.690 евра (верзијата со седум седишта е поскапа за 800 евра) и сигурно ќе биде хит бидејќи вклучува мануелна климатизација, темпомат, задна помош за паркирање и инфо-забавен систем Media Display со 8-инчен екран на допир. Пакетот опрема Extreme чини 16.690 евра, а со него доаѓа и автоматска клима.

Помоќниот бензинец со 110 КС ќе биде уште поевтин, а основната верзија ќе чини 14.490 евра. Jogger во продажба влегува во декември, а се очекува да предизвика голем интерес поради практичноста (верзијата со пет седишта има багажник од 708 литри) и атрактивен дизајн. За толкав простор, ова се одлични цени…