Formula 1: Објавен распоредот за првиот викенд со спринт квалификации
Првата трка во новиот формат во Fоrmula 1 ќе се вози во Силверстоун на 18 јули
Големата награда на Велика Британија се вози од 15 часот во недела со стартен грид одреден според остварените резултати во спринт трката. Распоредот е прилагоден така да петочните квалификации може да ги следат скоро сите кога ќе се вратат од работните или училишни обврски.
Возачите нема да бидат обврзани да ги менуваат своите гуми за време на спринт трката во сабота, а само тројцата најдобри ќе освојат бодови според принципот 3-2-1. Исходот од таа трка ќе одлучи и за почетниот редослед на неделната трка. После таа трка, нема да има подиум, но победникот ќе го добие трофејот во боксот, слично како што освојувачите на пол-позицијата сега ја добиваат наградата од Pirelli.