Њујорјк ќе забрани продажба на возила со термички мотори од 2035 година
Кети Хочул која од неодамна е гувернер на државата Њујорк, веќе го потпишала предлог-законот со кој се забранува продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година
Според новиот предлог закон, сите патнички автомобили и лесни комерцијални возила кои се продаваат во Њујорк ќе мора да имаат нула емисија на штетни гасови од 2035 година, а истото ќе важи и за камионите од 2045 година.
Според дефиницијата од Одделот за заштита на животната средина во Њујорк (New York Department of Environmental Conservation), возила со нулта емисија на штетни гасови се електричните возила (BEV) и електричните возила со горивни ќелии (FCEV).
Предлогот закон е претставен од њујоршкиот сенатор Пит Харкам, а целта на оваа законска одредба е да се намалат вкупните емисии на стакленички гасови за 85% до 2050 година во Њујорк.
Слична одлука има донесено и гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусом, а властите на областа Сонома во Калифорнија одат и подалеку забранувајќи изградба на нови бензински пумпи.
Овие законски предлози се во согласност со целта на американскиот претседател електричните возила да заземаат 50% од вкупниот удел на американскиот пазар до 2030 година.