Peugeot брендот неуморно и прецизно ја следи својата амбиција, 100% од гамата да има своја електрична верзија. Оваа стратегија на Брендот им овозможува на потенцијалните клиенти да добијат избор повеќе при определување и дефинирање на своите потреби при купување на возило

Како што најавуваат од Peugeot „иднината ќе биде се’, само здодевна не.“ Токму затоа компанијата Еуроимпекс, генерален узвоник за брендот Peugeot, ќе ги промовира на нашиот пазар сите модели на гамата со избор на 3 мотори. Бензин, дизел или електричен мотор.

Со ова им овозможуваат на своите клиенти да бидат чекор понапред и секогаш да целат кон иднината.

Во моментов модел кој може да понуди избор помеѓу 3 типови на мотори е новиот Peugeot 208, кој покрај многуте награди и признанија е воедно и добитник на најпрестижната награда „Автомобил на годината во Европа за 2020“, награда која гордо ја носи и докажано му прилега. Имено, Peugeot е единствениот бренд кој бил награден со 3 награди „Европски автомобил на годината“.

100% електричниот Peugeot 208 ја носи истата внатрешност и истиот надворешен изглед како и оној на внатрешно согорување, разликата е во надворешните детали кои го красат и онака возбудливиот дизајн. Деталите ќе ги забележите во решетката во боја на каросерија, ознаката „е“ која се наоѓа на страниците на возилото и логото на лавот кое се прелива во сина електрик боја во зависност од аголот.

Корисни информации за 100% електричниот 208:

Режими на возење и кочење

Новиот Peugeot е-208 нуди 3 режими на возење:

  • Eco: оптимизирање на автономијата преку редуцирање на одредени опции,
  • Normal: оптимален комфор за дневна употреба,
  • Sport: користење на максималната моќност за максимално искуство при возењето (забрзување од 0 до 100km/h за 8,1 секунди)

И два режима на кочење кои овозможуваат надополнување на батеријата за време на успорувањето:

  • Умерено: за многу слично чувство како моторното кочење кај мотор со внатрешно согорување,
  • Зголемено: успорување контролирано преку педалата.

Батерија и полнење

Новиот Peugeot e-208 нуди уникатно и возбудливо искуство при возење со својот 100% електричен мотор, достапен од:

  • 100 KW (136 КС) електричен мотор со 260 Nm (достапни од 0 km/h) за инстантнa ре-активност
  • Тивок мотор, со 0 вибрации
  • Технолошки приказ на централниот екран (приказ во реално време на патеката на возење).

Достапни се два вида на инвертори во возилото, за да одговараат на сите намени и сите решенија за полнење на клиентите, со еднофазен полнач од 7,4 kW како стандарден и опционален трофазен инвертор од 11 kW.

Начините за полнење се флексибилни и прилагодени на секоја дневна ситуација. Можни се неколку видови на полнење:

Стандарден полнач монофазен за домашна употреба (8А): 31 час / со батерија од 50 kWh47 часа / со батерија од 75kWh
Брз полнач монофазен за домашна употреба (16A): 15 часа  / со батерија од 50 kWh23 часа / со батерија од 75kWh
Ѕиден полнач монофазен од 7,4 kW 7:30 часа / со батерија од 50 kWh11:20 часа / со батерија од 75kWh и со еднофазен 7,4 kW инвертор.
Ѕиден полнач трофазен од 11 kW 5 часа / со батерија од 50 kWh7:30 часа/со батерија од 75kWh и со трофазен 11 kW инвертор.
Наменски јавен терминал 30 мин./регулацијата на температурата на батеријата ви овозможува да користите полначи од 100 kW и да достигнете 80% полнење за (батерија од 50 kWh) или 45 мин. (75 kWh батерија).

Животниот век на батеријата кај Peugeot возила е со гаранција од 8 години или изминати 160.000 км, по чие изминување батеријата ќе има капацитет од 70%. За време на гаранцискиот период, Peugeot врши замена на батеријата, во случај да нема механичко оштетување на истата.

Автономија

Главни фактори кои можат да влијаат на автономијата:

  1. Брзина
    При константна брзина од 130km/h, автономијата на 100% електричното возило ќе биде двојно помала споредбено со пропишаното според WLTP.
  2. Клима уред и греење:
    Разликата во опсегот при користење на клима уред/греење може да варира дури и за 35% помеѓу различни годишни времиња. Климатизација (ладење/греење) додека возилото е вклучено на полнење, е еден од најефикасните начини да се зголеми автономијата во зима и лето.
  3. Стил на возење, услови на патот и географски терен:
    Еко-возењето е значително подобрено кај 100% електричните возила. Забрзувањето со беспрекорна динамика и рекуперативното кочење, можат да заштедат и до 15% од вашата автономија.
e-208 домет* во km+5 % за умерено управување,
-10% за динамично управување
Многу ладно(-10°C ) Ладно(0°C ) Пролетно(10°C) Умерено(20°C) Топло(30°C)
Во град (30km/h) 205 260 300 350 280
Комбинирано  (50 km/h) 250 300 330 360 315
На пат (80 km/h) 252 280 295 315 290
Автопат  (110 km/h) 195 210 215 220 210
На отворен пат (130km/h) 160 165 170 175 170

Одржување

Нормални услови на користење:

  • Редовни интервенции
Сервис: почетни интервенции 2.500 km / 3 месеци
Сервис: редовни интервенции Секои 15.000 km/1 година
  • Дополнителни интервенции
Замена на филтерот во патничката кабина Секои 15.000 km / 1 година
Замена на течноста за сопирачки Секои 2 години
Проверка на PH на течноста за ладење 125.000 km/4 години. Потоа на секои 25.000 km / 2 години
Проверка на прилагодувањето на предните светла 4 години. Потоа на секои 2 години

Редовните интервенции и сервисни услуги се сведени на минимум и подразбираат проверка на: предница, подвозје, течности, сигнализација, сопирачки, пневматици и притисок во пневматици, оптика на фарови, метлици…

Како што може да се забележи, современиот клиент би бил ослободен од сите останати трошоци кои нормално би ги имал доколку користи возило со мотор на внатрешно согорување.

Од брендот Peugeot потсетуваат на нивното мото „UNBORING THE FUTURE” кое што претставува силно ветување кон своите потенцијални клиенти и најавуваат возбудлива, забавна, безбедна и одговорна иднина, фокусирајќи се на следниве елементи: технологија, електрификација и автономија.

Овие елементи водат кон „моќта на изборот“ – можност која брендот Peugeot им ја дава на своите потенцијални клиенти. Можност да го изберат својот омилен мотор и при тоа да доживеат целосно различно искуство при возењето.