Новогодишна честитка од РКЕ: Од утре поскапи горива!
Со новата одлука на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,68% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 26.12.2022 година
Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,00 ден/лит.
Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 81,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 80,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,062 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 26.12.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 40,655 ден/кг.
Во образложението на одлуката стои:
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 5,153% или за 37,900 $/тон, кај дизелот зголемувањето е во просек за 2,830% или за 24,400 $/тон, кај екстра лесното масло зголемувањето е во просек за 3,424% или за 28,400 $/тон и кај мазутот зголемување во просек за околу 0,596% или за 2,700 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 57,8447 ден/$ и е за околу 0,334% понизок од курсот на доларот (58,0383 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.