Ново Renault 4 – премиерата закажана за октомври!
Лука де Мео, првиот човек на француската марка, потврди дека новиот Renault 4 ќе биде претставен на јавноста во октомври, на салонот за автомобили во Париз. Се знае и официјалното име на новитетот, а тоа е Renault 4L
Првиот човек на француската марка само дополнително го појаснува она што веќе се знае за споменатиот модел. Имено, идната „четворка“ ќе биде далеку од славниот предок кој бил ценовно прифатливо возило. Ова сепак ќе биде електричен модел, што значи дека ќе биде далеку од достапно за повеќето просечни жители на Стариот континент.
Дополнително, претстојниот Renault 4L ќе биде кросовер или SUV и ќе биде позициониран над идниот Renault 5. Де Мео вели дека дизајнот ќе мора да има ретро изглед и да наликува на оригиналниот модел.
„Верувам дека ова дуо (R5 и R4L) ќе постигне многу добар успех на пазарот. Имам сериозни очекувања од овие автомобили“, вели извршниот директор на Renault.
Но, иакопремиерата на концептната верзија, за која Де Мео тврди дека ќе биде исклучително блиска до сериското издание, веќе е закажана за октомври и салонот во Париз, не се очекува производство во блиска иднина. Ако им се верува на сегашните планови на Renault, на монтажа на новата „четворка“ ќе се почека околу три години односно дури во 2025 година!